Заев-Закоњшек: Вложуваме во квалитетен, ефикасен и економичен транспортен систем интегриран во регионот и ЕУ

Од:

Вложувањето во квалитетен, ефикасен и економичен транспортен систем е од исклучително значење за развој на стопанството и за повисок квалитет на животот на граѓаните, констатирале на денешната средба премиерот Зоран Заев и директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница на Југоисточна Европа, Матеј Закоњшек.

-Како приоритет особено беше посочена потребата од инвестирањето во патната инфраструктура, пред сè во безбедноста на патиштата, унапредувањето на железничкиот сообраќај, особено во доизградба на пругата кон Бугарија, како и на потребата за олеснување на граничните формалности, при што како позитивен пример беше посочен интегрираниот граничен премин „Табановце“, меѓу нашата земја и Србија, соопшти владината прес-служба.

Соговорниците ја нагласиле потребата од ефикасна вмреженост на транспортните системи со регионот и со Европската Унија.

Директорот Закоњшек на средбата ја изразил подготвеноста на Транспортната заедница за поддршка на Република Северна Македонија во спроведувањето на конкретни проекти, надминување на одредени прашања, како и при усвојувањето на европската легислатива и стандарди во областа на транспортот.

Премиерот Заев, пак, ја истакнал посветеноста на Владата на европската агенда, при што посочи дека владините политики продолжуваат да се развиваат кон поголема регионална и европска интеграција, во таа насока и преку подобро и побрзо поврзување во регионот и со ЕУ.

На средбата, на која присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, биле изразени честитки за изборот на новата Влада, како и за новата енергија во приодот кон унапредување на транспортните прашања.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните