Заев: Во Струмица покажавме како од мали нозе се гради општество без поделба

Од:

Ние, овде во Струмица, покажавме како од мали нозе се гради општество без поделби и како од училишните клупи се создаваат генерации без предрасуди за нивната различност по верска, етничка или било која друга основа, порача градоначалникот Зоран Заев, денеска, на завршниот настан на „Деновите на меѓуетничка интеграција“ кој што се одржа во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица.

– Имаме со што да се гордееме. Низ овој значаен проект и добрата меѓуучилишна соработка ги насочивме учениците, нашите деца на драгоцени вредности, на меѓусебно разбирање и почитување, на толеранција и соживот, на соработка и меѓусебна поддршка. Овие деца, овие кои се денеска тука и стотици други низ училиштата во Струмица, како и илјадниците низ училиштата низ Македонија – тие се сегашноста и иднината на Македонија. Ние, овде во Струмица, покажавме како од мали нозе се гради општество без поделби. Како од училишните клупи се создаваат генерации без предрасуди за нивната различност по верска, етничка основа или која било друга основа. Бидејќи сите тие поминуваат низ истите училишни радости и обврски, сите имаат потреба од мотив да учат и понатаму да придонесуваат за напредна и успешна Македонија во којашто секој ќе има свое место. Затоа секое дете ни е толку важно. Затоа ни беше толку важно да покажеме дека можеме да учиме, живееме и работиме заедно. Вака се гради општество на еднакви граѓани. Ќе продолжиме да ги воспитуваме и образуваме учениците во духот на соживот и да бидеме пример како еднаквите права и можности отвораат заедничка иднина. Струмица по многу нешта е пример во нашата татковина. Овие деца се тој пример, како од темел се гради општество во кое има место за сите, како се гради иднина – рече градоначалникот Заев.

Во дворот на училиштето, во градината на другарството, градоначалникот Заев заедно со децата засадија дрвца, а во спортската сала беа промовирани заедничките активности на учениците и наставниците од сите основни училишта во општина Струмица, а во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието.

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата