А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев во еднодневна посета на БиХ

by А1он06/07/2017 - 14:46104
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска е во еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во рамки на посетата, премиерот Заев ќе оствари билатерална средба со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, којашто ќе се одржи во објектот на Советот на министри во Сараево.

По средбата, двајцата премиери ќе присуствуваат на Церемонијата „Најменаџер и најкомпанија за 2017“, кадешто премиерот на Република Македонија Заев, ќе има обраќање.

Премиерот Заев е почесен гостин на оваа значајна манифестација за бизнисот во Југоисточна и Средна Европа, како минатогодишен добитник на наградата за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа и оваа година ќе има чест да додели една од наградите.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Соработката и напредокот на регионот носат квалитетен живот за граѓаните на нашите држави, да продолжиме да ги продлабочуваме економските и политичките односи”, ќе биде една од пораките на премиерот Заев на Церемонијата.

Во рамките на посетата на Сараево, премиерот Заев ќе има вечера со претседавачот со Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ како и со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој е исто така во работна посета на Сараево.

vlada

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:27

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео