(ВИДЕО) Заев: Владата ќе се фокусира со политички дијалог да реши се

Од:

Клучните поенти на реформскиот План 3-6-9 е дека носи нови перспективи на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, со подигање на животниот стандард на граѓаните, рече премиерот Зоран Заев, кој денеска учествува на собраниската Комисија за европски прашања.

Тој рече дека Владата не бара од опозицијата да прифати сè, туку да учествува и да дава идеи.

„Планот е патоказ со цели кои треба да ги оствариме, а ќе потврди дека ова е држава на сите граѓани. На самитот ЕУ-Западен Балкан во Трст беше кажано од нашите пријатели дека Македонија е на прав пат на кој треба да чекори.

Недвосмислена поддршка добивме од соседите и од лидерите на големите лидери членки на ЕУ, од Емануел Макрон, од Ангела Меркел и останатите кои беа таму“, рече Заев.

Тој додаде дека Собранието има важна улога и затоа апелираше владеачките и опозициските партии да си подадат рака.

„Не бараме од опозицијата да прифати сè, туку да учествува и да дава идеи. Успехот ќе биде за сите нас, за Македонија и за подобар живот на граѓаните. Првиот пакет реформи сакаме да го реализираме за да ја тргнеме блокадата од ЕУ, вториот за шест месеци, а третиот да биде за отпочнување на датум за преговори со ЕУ. Сите реформи сакаме да ги направиме со систематско решавање на проблемите“, рече Заев.

Тој истакна дека Владата ќе се фокусира со политички дијалог да реши сè.

„Имаме шанса Македонија да ја извлечеме од политичката криза“, рече Заев на Комисијата за европски прашања.

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски