Владата продолжува со грижата за лицата со попреченост

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска, се сретнаа со претставници на Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија.

На средбата се разговараше за најновата Одлука на Владата за распоредување на приходите од игри на среќа и од забавните игри во 2018 година за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација на здруженија за борба против семејното насилство, како и Црвениот крст на РМ.

Се разменија мислења за изнаоѓање начини за подобрување на програмските активности на инвалидските организации со цел да се направи најсоодветна социјална инклузија на оваа категорија граѓани.

„Целта на Владата е да продолжи да донесува наменски законски решенија за да се подобруваат условите за лицата со инвалидност. Постојано сме насочени кон подобрување на квалитетот на животот на овие наши граѓани“, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека Владата е сервис на сите граѓани подеднакво и ги повика претставниците на лицата со инвалидитет и попреченост да ги изложат своите проблеми и да учествуваат во процесите за наоѓање најсоодветни решенија.

„Со денешните претставници се среќавам често и се обидуваме на различни начини да помогнеме да се обезбедат и искористат средствата за финансирање на нивните програмски активности на законски начин, транспарентно и отчетно“, рече министерката Царовска.

Истовремено, на претставниците на националните инвалидски организации, здруженија и асоцијации, Царовска им понуди помош за почитување на законитоста при поднесувањето на соодветните проекти и програми, а за кои се наменети средства од Владата.

Претставниците на Националниот Совет на инвалидски организации на Македонија, како асоцијација на седум национални инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација ја поздравија политиката на Владата за отчетно и транспарентно работење и посочија дека нивните здруженија ги почитуваат принципите на одговорно работење.

Истовремено, изложија дел од актуелните проблеми, кои се однесуваат пред се на потребата од пренамена на финансиски средства, како и недостаток на соодветни помагала за одредена категорија инвалидизирани лица, со кои се соочуваат, а за кои добија ветувања дека ќе се усогласат и ќе се најде соодветно решение.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи