Заев: Влада без учество на Груевски, најмалку 6 месеци пред изборите

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Р.Австрија во Р. Македонија, Томас Михаил Бајер.

Заев, како што соопшти СДСМ, оценил дека нормализација и демократизација на државата и институциите е возможна само преку формирање на влада којашто ќе има задача да ја подготви земјата за организирање фер и демократски избори.

zaev-bajer (2)

– За тоа се потребни подготовки и оттаму е потребата за функционирање на таквата влада, без учество на Груевски и инволвираните во инкриминирачките активности на власта, најмалку 6 месеци пред изборите. Притоа потребни се и хоризонтални и вертикални механизми за меѓусебна контролира на и во институциите, со што ќе се создадат услови за враќање на демократското функционирање на државниот систем, рече претседателот Заев.

На средбата се позитивно оценети активностите на граѓаните што се обединија кон мирното изразување на заложбите за слободна и демократска Македонија, како и постигнатиот граѓанско натпартиско единство независно од различностите по која било основа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?