Заев: Вистинските реформи доаѓаат по демократските промени што ќе се случат во декември

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Чарлс Купчан, виш директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД.

На средбата се разговараше за моменталната состојба во Република Македонија и предизвиците за спроведување на неопходните реформи за кредибилни избори во декември.

Претседателот Заев посочи дека е важно да се завршат договорените процеси до крајот на овој месец, во делот на прочистување на Избирачкиот список и професионалното известување на медиумите, за да се отвори пат за избор на техничката Влада.

„Зборуваме за реформи кон минимално исполнување на критериумите за фер и кредибилни избори. Тоа е гаранција дека ќе се почитува слободната волја на граѓаните. Вистинските реформи во земјава, коишто ќе ги почувствуваат граѓаните, доаѓаат по демократските промени што ќе се случат во декември, оваа година.“ рече Заев.

Во таа насока претседателот Заев го претстави програмскиот концепт на СДСМ за подобра и сигурна иднина на сите граѓани во Македонија.

Суштинските реформи коишто ќе ги спроведе новата, одговорна Влада, ќе донесат економски напредок на земјата, департизација и професионализација на институциите, владеење на правото и слобода на медиумите, додаде Заев.

На средбата, заеднички беше оценето дека за иднината на Република Македонија клучно е враќањето на земјата на нормалниот колосек и патот кон евро-атланските интеграции.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница