(ВИДЕО) Заев: Тачи очигледно не бил во државава и не знае што се случува тука

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со Јоханес Хан кажа дека еврокомесарот бара што побрзо да се формира влада.

Тој кажа дека има позитивен став за платформата на Албанците, но конечниот став ќе го кажат откако ќе го добијат мандатот.

Заев рече дека Али Ахмети досега лично не му побарал никакви писмени материјали, односно пишан документ за прифаќање на платформата, но ако сепак решил да го бара тоа истото и ќе го добие.

Процес е на добивање на мандатот, Ахмети не бараше ништо на писмено од Груески, прво мандат, потоа разговори за влада.

Јас не знам што бара Ахмети, тоа што го очекува на писмено претпоставувам дека е поврзано со програмата на идната влада. Штом ќе го добиеме мандатот, и тоа као ќе ги кажеме сите наши ставови кои се суштествени.

Ахмети ако рече дека чекал на писмено од СДСМ, за нас зборот е збор без разлика дали е усно или писмено, но ако бара на писмено, ќе добие писмено.

Според лидерот на СДСМ, тој е подготвен да разговара со сите партии на Албанците откако ќе го добие мандатот. За потписите кажа дека нема рок, но сепак нагласи дека има и некои црвени линии до кога може да се чека.

На прашање дали знае за тоа што Мендух Тачи кажа дека Ахмети и Груевски договориле влада но ја одолговлекуваат работата, Заев рече дека очигледно Тачи цел месец не бил во државата и не знае што се случувало тука.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он