Заев се сретна со делегација на Комисијата за демократско партнерство од Конгресот на САД

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретнаа со делегација на Комисијата за демократско партнерство од Конгресот на САД, предводена од поранешниот конгресмен Ерл Померој.

На средбата се зборуваше за актуелната политичка криза и за начините на кои може да се врати изгубениот демократски капацитет во водењето на институциите и државата.

Првиот чекор за разрешување на политичката криза е поднесување на оставки од страна на челниците во власта и формирање на преодна влада. Преодна влада којашто ќе има за цел да ја врати државата на граѓаните преку демократизација, ослободување на институциите и обезбедување на услови за организирање на слободни, фер и демократски избори, на коишто граѓаните ослободени од притисоци и страв ќе можат да ја искажат својата слободна волја, посочи Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев исто така рече дека внимателното водење на проектот Вистината за Македонија, има за цел да ја испрати пораката дека вакво недемократско владеење со државата не смее никогаш повеќе да се повтори. Постои голема решителност и заедништво меѓу сите граѓани на Македонија заедно и обединети да си ја вратат слободата и демократијата во земјата, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски