Заев со делегација на Комората на медијатори: Зголемувањето на споровите решени со медијација ќе ја подобри и сликата на РМ во извештајот на ЕУ за нашата земја

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, синоќа прими делегација на Комората на медијатори на РМ (КМРМ), претставувана од Славе Младеновски, претседател на Комората и членовите Роза Алексова и Дејан Белевски.

Изразувајќи благодарност за средбата како и за политиките на Владата кои носат поддршка, од КМРМ истакнаа дека вклучувањето на медијацијата во Стратегијата за реформа на правосудниот систем, е од исклучително значење и непосредна придобивка за граѓаните.

Задоволни од досегашната соработка со Владата, особено за можноста која им е дадена како учесници во Работната група на Владата да контрибуираат во измени на законската легислатива од областа на медијацијата и за другите релевантни прашања од оваа област, членовите на делегацијата на Комората на медијаторите нагласија дека се надеваат на понатамошна соработка и помош од Владата во насока на донесување и преземање на одредени нормативни, логистички и оперативни решенија за промовирање и развој на медијацијата во земјата.

На средбата, на која присуствуваше и посебниот советник за правда Тања Чачарова-Илиевска, премиерот Заев се заблагодари за довербата што Комората на медијатори ја имаат во Владата и изрази подготвеност за поголема поддршка и промоција на медијацијата.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, потенцираше дека од приближувањето на медијацијата до граѓаните, посебно до вработените во јавната администрација, се очекува поголема придобивка за целото општество, пред сè во смисла на обезбедување на економичност, ефикасност и брзина во решавање на спорни ситуации, и заштеда во буџетите на граѓаните и на државата. Развојот на медијацијата ќе ја подобри и сликата на РМ во европскиот извештај за напредок во областа на алтернативното решавање на споровите, додаде премиерот Заев на средбата со делегацијата на Комората на медијатори на РМ.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+