Заев-Шчербак: Евроатланските аспирации на Македонија не се пречка за соработка со Русија

Од:

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олек Шербак на која тој дал поддршка за енергичните политики на премиерот што ја движат Македонија напред. Најавено е и унапредување на економската и културната соработка, соопшти владината служба за информирање.

На средбата на премиерот Заев и амбасадорот Шчербак било констатирано и дека евро-атлантските стремежи и определби на Република Македонија не се и не треба да бидат пречка за развој на билатералните односи помеѓу Македонија и Русија, особено што, како што било посочено, и кај двете држави постои став за одржлив систем на безбедност во светот, што е од меѓународно значење.

Рускиот амбасадор ја поздравил, како што рекол, енергичната посветеност на премиерот Заев и неговиот голем придонес кон демократските процеси што ја движат Македонија напред. Изразил почитување кон искрените и конструктивни политики на премиерот и на Владата, кои, како што посочил, водат кон евро-атлантски интеграции на Република Македонија, но и унапредување на односите со другите држави на полиња од заеднички интерес за граѓаните на земјите и за мирот во светот.

Заеднички било оценето дека отворените и посветени политики на премиерот Заев и на новата Влада создаваат услови за интензивирање на соработката помеѓу Република Македонија и Руската Федерација во областа на економијата, трговијата и инвестициите, земјоделството, енергетиката, транспортот, научно-техничката соработка и културата, што ќе се унапредува со меѓувладина и меѓупарламентарна соработка.

– Владата на Република Македонија е посветена на остварување на стратешките цели на државата ЕУ и НАТО, како и на градење пријателски односи со сите држави, меѓу кои и Руската Федерација на принципиелно демократско ниво. Фокусирани сме да обезбедиме добар животен стандард за граѓаните, повеќе работни места, повисоки плати, намалување на трошоците за живот, Македонија е земјоделска земја, со тоа и за земјоделски развој на државата и во таа насока е заинтересирана да се продлабочуваат односите со Руската Федерација, се вели во соопштението од Владата.

Заеднички е ставот на двајцата соговорници дека соработката меѓу пријателски држави е добра и во иднина ќе се надградува на такво прагматично и пријателско ниво.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски