Заев се сретна со спикерот на британскиот парламент, Д’Соуза

Од:

Делегација предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска имаше средба со спикерот на Горниот дом на британскиот парламент, баронесата Д’Соуза.

Како што соопшти попладнево СДСМ, на средбата присуствувале и потпретседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, британскиот амбасадор во Македонија, Кристофер Ивон и македонскиот амбасадор во Обединетото Кралство, Јован Донев.

Заев ја информирал баронесата Д’Соуза за работата на партијата, за начинот на креирање политики, делувањето како конструктивен фактор во решавањето важни прашања, како и за соработката на СДСМ со сестринските партии во Европа.

Покрај актуелните политички случувања во земјава и регионот, Заев и баронесата Д’Соуза разговарале и за продлабочување на традиционално добрите пријателски врски помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби