Заев се сретна со специјалниот претставник на Германија

Од:

Делегација на СДСМ предводена од претседателот, Зоран Заев, денеска се сретна со специјалниот претставник на Германија, Ернст Рејчел, со кого се разговарало за политичката состојба во земјава и за актуелните теми, евроинтеграцискиот процес на Република Македонија и состојбите во регионов.

„Беше истакната и лошата состојба со слободата на медиумите, како и проблемот со непрестано поткопување на демократијата во земјава. На средбата се разговараше и за лошата економска состојба во земјава и финансиските предизвици со кои секојдневно се соочуваат македонските граѓани“, соопшти СДСМ.

Специјалниот претставник на Германија, Рејчел, ја изразил својата поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Македонија.

Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ се заложиле за продлабочување на соработката во иднина.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски