Заев се сретна со претставници на Националниот совет на македонските национални заедници во Србија

Од:

На барање на Македонскиот Национален Совет на македонските национални заедници (НСМНЗ) во Република Србија, Владата на Република Македонија обезбеди книги и литература на македонски јазик за учениците од основните училишта во Република Србија, во кои се изучува предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура“.

Овие книги и дополнителна литертура ќе им бидат од особено значење за наставата по овој предмет, на учениците меѓу кои најбројни се припадници на македонското национално малцинство, но интерес имаат покажано и ученици од српската, како и од другите националности кои живеат во соседна Србија.

Учебниците, на претставниците на НСМНЗ, што ги предводеше претседателот на советот Борче Величковски, им ги предаде премиерот Зоран Заев, кој во оваа пригода истакна дека оваа средба е добра прилика за разговор од интерес на припадниците на македонските заедници во Република Србија.

Премиерот Заев ги информираше присутните на оваа средба дека за ова прашање се разговараше на средбите со премиерката Брнабиќ и со Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, при што е покажан значаен интерес на заедниците на Македонците и на Србите во двете земји, да бидат покренати иницијативи за афирмативно учество на овие заедници во општествените процеси во Македонија и Србија.

Претседателот на Владата на Република Македонија ги запозна присутните со економските програми на владата и ги охрабри бизнисмените Македонци во Србија да пронајдат интерес и партнери во Република Македонија за заеднички бизнис иницијативи.

Претставниците на македонските заедници на средбата искажаа желба ваквите контакти и понатаму да продолжат, и посебно ја поздравија одлуката на Владата на Република Македонија да именува министер без ресор задолжен за дијаспората.

Премиерот Заев, и членовите на владината делегација во официјалната посета на Република Србија, со внимание ги проследија излагањата на претставниците на националните совети на заедниците на Македонците во Србија, и изразија подготвеност со внимание да им пристапат на предлозите искажани на оваа средба, особено во делот на образованието и во сферата на културата.

Премиерот Заев ги повика македонските здруженија да ги надминат разликите во име на обединување на интересите за граѓаните со потекло од Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски