Заев се сретна со претставници на Директоратот за Западен Балкан во СЕ

Од:

Делегација на СДСМ предводена од претседателот на партијата Зоран Заев денеска имаше средба со директорот на Директоратот за Западен Балкан во Советот на Европа, Јонас Јонсон и заменик-директорот, Теркел Петерсон.

Како што соопшти СДСМ, Заев и претставниците на Директоратот разговарале за актуелната политичка состојба во земјава, состојбите во регионот, реформите, владеењето на правото и демократизацијата во Македонија.

Посебен акцент на средбата бил ставен на евроинтеграцискиот процес на Македонија, како и процесот на проширување на Европската унија.

Претставниците на Директоратот изразиле благодарност до Заев за неговите лични заложби во отворањето на политичкиот дијалог и донесувањето на Извештајот за настаните од 24 декември.
Јонсон и Петерсон ги поддржале напорите на СДСМ за одржување на стабилноста на македонската политичка сцена преку функционален парламент и политики кои се насочени кон тоа дијалогот да опстои, се додава во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби