Заев се сретна со израелскиот амбасадор Дан Ориан

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска во седиштето на партијата се сретнаа со амбасадорот на Израел, Дан Ориан.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјава и за економските проблеми на граѓаните и државата.

Претседателот Заев рече дека неможноста на граѓаните на Македонија да ја искажат својата слободна волја на изборите е директно посочена во извештаите на ОБСЕ И ОДИХР и дека е неопходно техничка влада да ги организира и спроведе следните избори.

Се зборуваше за општиот недемократски амбиент во државата, за недостигот на слобода на изразување и состојбите во медиумскиот простор, за комплетната партизација на државните институции и за потребата од враќање на демократските вредности во Македонија, во интерес на сите граѓани.

Како најголем проблем што ја засега држава, претседателот Заев ја посочи големата миграција на младите луѓе, кои ја напуштаат земјата бидејки тука не гледаат перспектива.

Економскиот просперитет на државата, враќањето и чувањето на слободата и демократијата во државата се вредности и обврски од коишто СДСМ не отстапува, рече претседателот Зоран Заев на средбата со израелскиот амбасадор Дан Ориан.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни