Заев се сретна со амбасадорот на Црна Гора, Мрдовиќ

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Душан Мрдовиќ.

На средбата, соопшти СДСМ, Заев го информирал амбасадорот Мрдовиќ за тековните активности во партијата, организационата поставеност, комплетирањето на раководните структури на партијата во општинските организации, како и со агендата на настани кои следат.

Амбасадорот Мрдовиќ ги поздравил напорите на претседателот Заев и СДСМ за враќање во Парламентот и донесување Извештај за настаните од 24. декември, со оценка дека на тој начин опозицијата остварила сериозен придонес во стабилизирањето на парламентарниот живот и политичката сцена во земјава.

Претседателот на СДСМ, Заев и амбасадорот Мрдовиќ разговарале и за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Црна Гора, што ќе овозможи афирмација на двете земји преку нови искуства и проекти.

На средбата биле спомнати можности за регионални иницијативи кои ќе ги вклучуваат Македонија, Црна Гора, но и други земји од регионов, кои ќе придонесат за конкретна соработка во економијата, културата и други сектори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски