Заев се сретна со добитникот на нобеловата награда за физиологија и медицина, Ферид Мурад

Од:

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со добитникот на нобеловата награда за физиологија и медицина, Ферид Мурад.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговарало за визиите на Владата за мултиетничко општество – едно општество за сите, за реформските процеси, обновените добрососедски односи со соседните држави, како и за евроатлантските аспирации на Македонија.

На ова, професорот Мурад истакна дека светот веќе зборува позитивно за Република Макеоднија и укажа дека остварувањето на евроатлантските интеграции на земјата ќе и донесе перспектива и инвестиции, неопходни за создавање нови можности за подобра иднина за младите и ќе ги привлечат иселените да се вратат и да делуваат во својата земја.

Нобеловецот Мурад, во текот на средбата, на премиерот Заев му предочи конструктивни предлози за подобрување на образовниот и здравствениот систем, како и отворањето на научно – истражувачки центри, споделувајќи лични искуства од САД и од повеќе земји во светот, каде што тој работел, се усовршувал и кадешто веќе долги години е професор на повеќе универзитети.

Ферид Мурад е светски признат лекар и фармацевт, добитник на Нобелова награда за физиологија и медицина во 1998 година. Води потекло од гостиварското село Лакавица, токму заради оваа врска и гостиварската болница го носи неговото име. Автор е на голем број научни трудови од областа на клиничката фармакологија.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски