Заев – Сарацин: Поддршка за успешен референдум, да се искористат шансите за ЕУ и НАТО

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Мануел Сарацин, пратеник во германскиот Бундестаг.

На средбата, соопшти владината прес-служба, била изразена поддршка за успешен референдум. Германскиот пратеник Сарацин, оценил дека ова е најдобрата година што можеше да и се случи на Македонија, кога се отворени шансите за членство на Република Македонија во Европската унија и во НАТО.

– Заеднички е констатирано дека сите политички субјекти и граѓани во државата треба да покажат одговорност, за остварување на овие стратешки државни цели, стои во соопштението.

Премиерот Заев изразил очекување дека референдумот ќе биде успешен.

– ЕУ и НАТО се мнозинска волја на граѓаните на Република Македонија, кои очекуваат европски живот и интеграција во најголемите сојузи во светот. Очекувам таа мнозинска волја да се одрази и на референдумското гласање. Македонија нема друга алтернатива освен интеграциите во НАТО и ЕУ. Повикуваме и ќе повикуваме сите да покажат одговорност и да се изјаснат на референдумот, затоа што во прашање е иднината на државата, рече премиерот Заев, се подвлекува во соопштението.

Претседателот на Владата, Заев и германскиот пратеник Сарацин, кој доаѓа од партијата на Зелените, говореле и за отворените можности за интензивна економска соработка со Германија, како и за развојот на “зелената агенда“, во полза на здрава и чиста животна средина во Македонија, според европски стандарди.

Би можело да ве интересира

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија