Заев: Пријателството меѓу Македонија и Кина основа за продлабочување на билатерално-економските односи

Од:

Македонија и Кина имаат одлична соработка за што најдобар доказ е 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави која се одбележува годинава.

Ова било истакнато на денешната средба на премиерот Зоран Заев со делегацијата на Амбасадата на Народна Република Кина, предводена од амбасадорката Јин Лисјен.

Во таа насока, како што соопшти владината прес-служба, била изразена подготвеност за имплементирање на инфраструктурните билатерални проекти од интерес на Македонија, како и динамизирање и интензивирање на економските, културните односи и соработката во областа на транспортните услуги, образовната и научната дејност.

Амбасадорката Лисјен му ги пренела поздравите од премиерот на НР Кина, Ли Кечјанг на македонскиот премиер, како и честитките за постигнатиот договор со Грција за стратегиско партнерство и решавање на спорот со името.

Лисјен на средбата посочила дека одржувањето на пријателски односи со соседите отвора нови можности и перспективи за проширување на соработката со останатите земји, што ќе помогне за забрзан економски развој на Македонија.

Премиерот Заев и амбасадорката Лисјен разговарале и за детали од претстојниот седми Самит на шефови на влади на земјите од Централна и Источна Европа и на НР Кина (Процес 16+1), кој ќе се одржи на 7 јули 2018 година, во главниот град на Република Бугарија, Софија.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски