(ВИДЕО) Заев: Праќам порака за единство, порака на стегната тупаница

Од:

„Не победи ниту еден од кандидидатите за претседател, туку победи СДСМ“.

Ова беше пораката на Зоран Заев по завршувањето на 14. Конгрес на СДСМ, на кој, тој беше избран да ја води партијата во следните 4 години.

Заев најави дека ќе работи на обединување и сплотеност во партијата.

„Противкандидатите треба да добијат врвни позиции и јас сметам на нив како и на сите поддржувачи. Денеска ја пуштаме пораката на единство, пораката на стегната тупаница, да можеме да бидеме силна опозиција, да не препознае цела Македонија.

– Имаме што да понудиме заедно здружени, СДСМ е единствената партија која може да им ја понуди подобра Македонија на сите граѓани.

– Ќе работиме максимум во името на државата во името на сите граѓани. Ви гарантирам единствно и фер политичка сцена“, изјави Заев.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана