Заев повторно куртули од приведување, судијката го одложи „Пуч“

Од:

Лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, повторно куртули од заканата да биде приведен и насила донесен на судењето по предметот „Пуч“, откако судијката Љубинка Башевска, го презакажа рочиштето за 21-ви декември. Со тоа и се остава време на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, да одлучи дали има надлежност врз овој предмет кој е веќе доставен на разгледување во ова обвинителство. Доколку се утврди дека Јанева има стварна надлежност, „Пуч“ ќе се врати во истражна постапка.

Нема образложение за одлуката на Башевска да го презакаже рочиштето. Првично требаше да се одржи на 2-ри декември, но беше одложено поради акцијата „Ден на дрвото“ поради која денот беше неработен. Сите судења од тој ден ќе се одржат оваа сабота кога ќе се обработува, но не и судењето за „Пуч“.

На претходните рочишта судијката тврдеше дека нема да се управува од гласини или изјави дадени преку медиумите и најави дена на следното рочиште ќе побара Заев да биде стражарно приведен и донесен, затоа што не се одѕиваше на претходните покани на судот изјавувајќи дека не го признава.

Обвинителниот акт во овој случај ги терети обвинетите за кривични дела како шпионажа, злосторничко здружување и насилство врз највисоки државни функционери. Освен Заев, обвинети се и поранешниот прв разузнавач, Зоран Верушевски, како и неговата сопруга.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати