Заев потврди дека е кандидат за претседател на СДСМ

Од:

Актуелниот градоначалник на Струмица и потпретседател на СДСМ во изјава за 24 Вести потврди дека ќе биде кандидат за претседател на партијата на претстојниот Конгрес на 2 јуни.

Заев вели дека главен приоритет му е консолидирање на партијата, која по Конгресот ќе биде вистинска алтернатива на актуелната власт.

Потпретседателот на СДСМ порачува дека партијата мора да излезе посилна и поединствена. Заев вели – неговите двајца противкандидати Игор Ивановски и Зоран Јовановски, би биле одлични водачи на партијата ако Конгресот реши така. Тогаш тој ќе биде, како што вели, нивен добар соработник.

Заев вели дека неговата кандидатура е различна бидејќи тој пред делегатите на Конгресот и членовите на општинските организации го нуди концептот за воведување на заменик претседател кој ќе го бира Конгресот со статутарна измена.

Заев вели, тој довербата за да ја води СДСМ ќе ја бара во пакет со Радмила Шеќеринска, како заменик претседател.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија