Заев побара општа поддршка за Итните реформски приоритети

Од:

Македонија ја има поддршката од Европската унија и ова е време кое треба да го искористи за да испорача во делот на итните реформи со цел до крајот на годината да добиеме безусловна препорака, а во наредната година и датум за почеток на преговорите со ЕУ, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето на почетокот од тематските консултации во Владата со претстваници од граѓанското општество за областите кои се битни во процесот на креирање политики согласно итните реформски приоритети.

– Сакам од името на целата Влада да побарам ваша поддршка. Врапчето го имаме сега на рамо. Гласноста на граѓанското општество навистина ја позиционираше ЕУ сосема спротивно од она што беше нејзина определба од пред две или три години во делот на проширувањето. Спремни сме да учиме како Влада. Вие знаете повеќе од нас бидејќи работите експертски поставени во многу области кои за нас се многу важни за евроинтеграциите што значат живот за граѓаните, рече Заев.

Од името на целата Влада побара помош и поддршка за процесот на реформите и најави инклузивен процес во кој ќе бидат вклучени сите чинители, од Собранието, опозицијата, институциите, граѓанскиот сектор,…

– Сите имаме свои ангажмани. Владата инклузивно се отвори. Сите ја носиме одговорноста да се вградиме на секој можен начин. Апелирам, времето е зрело да се вградиме сите и да одработиме, рече Заев.

Тој нагласи дека ќе бидат поставени реални цели на краток рок до три месеци, среден од шест до девет месеци и долг рок од над девет месеци, во кои според него може многу да се постигне во делот на реформите. Еден огромен дел, додаде, зависи од политичката и од општествената желба или волја, а не само од закони.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи истакна дека оваа Влада наредните неколку месеци ќе ги посвети на итните реформски приоритети и затоа пристапи кон изработка на стратешки план во кој ќе бидат вметнати и сугестиите и идеите на граѓанското општество.

Целта е, нагласи, агресивно адресирање на овие приоритети и брза испорака на резултати.

На дебатата присуствуваше и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски. По воведните излагања претставниците на граѓанското општетство ќе работат во групи на прашања од пет области кои се содржани и во итните реформски приритети – владеење на правото, јавна администрација, избори, Собрание и независни регулаторни тела, медиуми и граѓанско општество.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски