ВИДЕО: Заев останува претседател на СДСМ

Од:

Зоран Заев останува на кормилото на СДСМ, ова е одлуката на мнозинството делегати на Конгресот на опозициската СДСМ.

Заев доби поддршка од 413 делегати. 176 делегати побараа негова смена. На ова претходеше целодневна дебата со ставови за и против да се изгласа доверба на актуелното раководство.

Во своето обраќање Заев повика на единство.

„42-та дискутанти изградија порака на поинаквост, богатство со кое треба да се гордееме.Вашите дискусии значат дека единство мора да се гради“, рече Заев.

Делегатите на Конгресот едногласно дадоа поддршка дека пратеничките мандати на украдени и фалсификат избори не треба да се прифатат.

380 делегати гласаа за доверба на заменик претседателот Радмила Шекеринска а 215 беа против. Централниот одбор на СДСМ доби поддршка од 400 делегати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски