Заев, Османи и Димитров во официјална посета на Албанија

Од:

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, в среда ќе престојува во официјална посета на Република Албанија.

Во рамки на официјалната посета на Тирана, предвидени се средби на владино и државно ниво.

Претпладнето премиерот Заев и владината делегација ќе се сретнат со албанскиот премиер Еди Рама, по што ќе следува заедничка прес-конференција на премиерите. Попладнето, предвидена е средба и со претседателот на албанскиот парламентот, Грамоз Ручи.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски