Заев: Од денес започнува поразот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Новиот претседател на СДСМ, Зоран заев, првиот ден по вчерашниот, како што вели, историски конгрес на СДСМ, искрено им се заблагодарува на сите членови, делегати и на досегашното раководство на СДСМ за демонстрираното ниво на политичка зрелост, култура и прагматизам изразени во деновите на подготовка и вчера, на денот на одржување на Конгресот.

Желбите, надежите, очекувањата на нашите противници и нивните медиумски пропагатори за неуспех, кавги и поделби во партијата за наша среќа, вели Заев, а на нивна огромна фрустрација, се покажаа како тотална заблуда и целосно промашена проценка.

„Од овој конгрес СДСМ излегува гордо и достоинствено. Обединет, моќен, триумфален. Овој наш славенички момент што сите го заслуживме е вовед во серијата успеси што следуваат. Свесен сум дека веќе од денес не чека многу работа. Сурова и исцрпувачка битка со режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Јас ѝ го ветив враќањето на победничкиот менталитет на мојата партија. Дојде ред ветувањето да го исполнам. Од денес започнува поразот на ВМРО-ДПМНЕ и демаскирање на политиките на Груевски. Многу брзо ќе се радуваме на успесите“, вели Заев.

Уште еднаш, како еден од најблиските соработници, изрази почит и му се заблагодари на Бранко Црвенковски за сѐ што во изминативе години направи за партијата. Неговата мудрост и искуство, вели, секогаш ќе бидат од огромна корист за СДСМ во годините и предизвиците што претстојат.

„До вас, почитувани членови на СДСМ. Од срце ви порачувам. Огромна чест, задоволство, но и одговорност е за мене што сум ваш претседател. Ајде одново, со елан и полн капацитет да се вложиме сите заедно. За победнички СДСМ, за просперитетна Македонија“, вели Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана