Заев од Аеродром: На триумфалната порта ќе поставиме бројчаник на кој ќе се покажува колку пари се вратени дома!

Од:

Нема бегање Никола Груевски, после 14 години, како што нема бегање од правдата и законот кој се огрешил има да одговара и пред законот и пред народот. И кога сме кај Груевски и од овде да го повикам на дуел. Да дојде и дса ме праша за се што сака. И за жолти комбиња, ама да го прашам за тоа што не смеев и не си дозволив да го објавам за тој знае што. Да го прашам за фгладот што го додене во змејава . Да го прашам за луѓето што заминаа од змејава. Имам што да го прашам. Ајде војводо прифати дуел , каде бегаш, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Аеродром.

Да беше правна држава Груевски немаше да ви зборува за минимална плата синоќа. Тој 10 години не мислеше на вас, туку на рајски земји да ги собвере Вашите пари и да ги испрати во рајски земји. Ќе го стигне правдата секој кој крадел од вас!- рече Заев

Имаме план за враќање на животот во Македонија. Подржете го овој план Ќе има правда и живот за сите. За живот за сите во Македонија.

Ова не е само наша Македонија, на Заев, Пендаровски Десковска, туку на граѓаните. Оваа Македонија е ваша на неопределените. После се што слушнавте што видовте . Зарем можете при очи да не гледате, при уши да не слушате при уста да не зборувате, да не ја гледате Македонија. ОПенкалото навашиот живот, на животот на вашите деца е во ваши раце. Ќе гласата за криминалот или за иднината на Македонија?- рече Заев.

Заев ги повика граѓаните да гласаат бидејќи, како штои рече, Груевски и фсамилијата секој ден изнесуваат пари од земјата.

Ќе му дадеме ли нови четири години на Никола Груевски кој ви одзема 10 години од вашиот живот уште четири години се трпи ли режим. Ќе му верувате ли дека ќе постапи праведно кога тој им ја нанаесе историската неправда и го осиромаши до гола кожка нашиот народ – рече Заев.

Заев говореше и за програмските определби според кои ќе се згоелми минималната и просечната плата. Дека ќе обезбеди правично општество. Ќе ги подржи домашните фирми со 140 милиони евра, бидејќи сега се обесправени.

Заев вети дека парите кои сега завршиле во странство ќе се вратат дома.

На триумфалната порта ќе поставиме бројчаник на кој ќе се покажува колку пари се вратени дома. Тие пари ќе завршат во буџетот и кај граѓаните – рече Заев

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница