Заев – нов лидер на СДСМ

Од:

Зоран Заев е новиот лидер на СДСМ. Мнозинството од делегатите на 14-от Конгрес на СДСМ одлучи дека тој е вистинсиот избор да ја раководи опозициската партија. Заев доби поддршка од 395 делегати, Зоран Јовановски доби 137 гласа, а Кире Наумов 15.

Заев во своето обраќање вети дека со него како лидер, СДСМ ќе ја победи ВМРО-ДПМНЕ.

„Со мене како лидер на СДСМ ќе го декласираме ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

Инаку, Бранко Црвенковски, остана на ветувањето и не прифати да биде кандидиран за претседателската функција.

Претседателот на иницијативниот одбор, Наум Буревски, го напушти Конгресот, бидејќи како што изјави, зад иницијативата Црвенковски да остане лидер, застанале 30 илјади членови на СДСМ.

Излагањето на Кире Наумов, беше во полупразна сала бидејќи дел од делегатите, ја напуштија просторијата.

Инаку за познавачите и присутните на Конгресот, ситуацијата беше јасна уште од почетокот на денешниот ден, кога во „Холидеј Ин“ Црвенковски влезе во придружба на Заев и Јовановски, а Наумов влезе сам.

Зоран Заев ќе седне во жешкото столче на Бихачќа, каде што го чека многу работа и обврски, пред се СДСМ да ја направи партија во која нема да има елитизам и поделби и ќе биде вистинска опозиција на власта.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“