(ВИДЕО) Заев: Никола, ти не си Македонија!

Од:

Лидерот на СДСМ реагираше по изјавата на премиерот Никола Груевски кој најави условна оставка.

-Денешната изјава на Никола Груевски е признание дека поради него и неговата партија не се исполнети клучните делови на договорот од Пржино. Императив на Договорот од Пржино е кристално чист изборен и предизборен процес и тоа мора да се реализира. Тоа е човекот кој одлучуваше за животот и смртта, одлучуваше кој може да живее слободно во Македонија, а кој не.

-Никола, ти не си Македонија. Ова не е крај, ова е почеток на крајот на една корумпирана, расипничка и недемокртска власт. Ве повикувам сите граѓани заедно да ја вратиме демократијата, правдата и европските вредности во нашата земја.

Сите заедно да ја кренеме Македонија, со влада предводена од СДСМ, со народот, за народот, да живее слободна Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни