Заев: Материјалите ги добивме од патриоти блиски до актуелната власт

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со Заменик – помошникот државен секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд при американскиот Стејт департмент, Томас Мелиа, како и со вршителот на должноста амбасадор на САД во Македонија, Барт Путнеј.

Претседателот Заев го запозна заменик помошникот државен секретар Мелиа за случувањата во Република Македонија, откако власта на Никола Груевски преку политички монтирана постапка се обиде да спречи објавување на аргументи и факти за нејзиното криминално владеење.

Sredba, Zaev, 04.02.2015

Аргументите и фактите што ги поседуваме се добиени од службите во Република Македонија, од патриоти блиски до актуелната власт кои си ја сакаат сопствената земја. До нас се доставени затоа што не веруваат во судскиот систем кој е под целосна контрола на власта, рече Заев.

Не може да биде обид за државен удар објавување на докази и аргументи за криминал на власта. И по Устав и по Закон тоа е должност на секој што добил такви докази да ги објави. Ние имаме обврска и пред граѓаните се што имаме да објавиме. И ќе објавиме, дециден беше лидерот на СДСМ, Заев.

Легитимно и јавно соопштено барање на лидер на опозиција, за формирање на техничка влада која би обезбедила услови за спроведување на фер и демократски избори, ниту е уцена ниту пак воопшто може да биде некаков напад врз државата, додаде Заев.

Во врска со објавувањето на видео снимки од кабинетот на Никола Груевски, Заев рече дека се работи за сторено кривично дело по неколку основи, кое покажува не само дека лидерот на опозицијата е следен и сниман, туку дека тоа се прави под директен диктат на премиерот на државата.

СДСМ ќе продолжи легитимно и со сите средства да се бори за конечно враќање на слободата и демократијата во Република Македонија, рече претседателот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ

Опозицијата тврди: Наместо економски напредок, Македонија се соочува со стагнација

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори