Заев на средбата со Бабиќ: Ќе избереме нов собраниски претседател, ќе има и нова Влада!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претпладнето се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ.

На состанокот се разговараше за потребата од што побрза разврска на политичката криза во Македонија.

-Очекуваме во понеделник да се избере новиот претседател на Собранието кој ќе го извести Ѓорге Иванов дека е должен веднаш да ми го даде мандатот за состав на новата реформска Влада, сооопшти претседателот Заев.

На средбата се разговараше за очекувањата на домашната јавност, граѓаните и бизнис секторот за стабилизација и развој на Македонија.

-Европската унија и НАТО ги поддржуваат демократските процеси во Македонија и отвораат врати за овие стратешки перспективи на земјата. Имаме демократски обезбедено парламентарно мнозинство од 67 пратеници и Програма на новата реформска Влада за унитарна Македонија, посветена на потребите на граѓаните. Не смее никој да ги блокира институциите за лични цели и затскривање од одговорност за направени криминални дела. Знаеме дека имаме работа со неразумно и исплашено раководство на ВМРО-ДПМНЕ коешто е подготвено да ги жртвува интересите на граѓаните и државата и затоа внимателно ги движиме процесите. Но граѓаните избраа промени и тие ќе се случат, рече претседателот Заев.

На состанокот се разговараше и за продлабочување на економската и културната соработка помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина во блиска иднина.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски