Заев на средба со претставници на Google Jigsaw – поставена основа за развивање соработка

Од:

Премиерот Зоран Заев, се сретна со Џерад Коен, еден од првите луѓе на една од најразвиените светски компании Google Jigsaw.

Изразена е поддршка за промените што се случија во Македонија, што ги предводи новата Влада, како и за можностите за млади и за економски развој што ги отвора Владата.

Премиерот Заев ги претстави условите за инвестирање во Македонија.

– Со политиките на новата Влада, рече, ја отворивме Македонија за светот како и за младите и креативни луѓе кои сакаат да придонесат за економскиот развој на државата, но и ја гледаат нивната иднина во својата земја. Преку бизнис инкубаторите и старт ап центрите, фокусирани сме, како Влада, на поддршка на компании и поединци со иновативни идеи. Заинтересирани сме да ги поддржиме и добрите иницијативи во ИТ секторот и технологијата.

На средбата, претставници на Google Jigsaw што го придружуваа високиот претставник на компанијата, Џерад Коен, соопштија оценка од нивната скорешна посета на Македонија, дека земјата има млади креативни луѓе кои би можеле да придонесат во иновативниот, технолошкиот, ИТ сектор.

На состанокот се разговараше за идеи за соработка во Република Македонија. Поставена е основа за развивање на соработката.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски