Заев на средба со претставници на Фридрих Еберт: Поддршка од германската фондација за политиките на отвореност на новата Влада

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, попладнево се сретна со Милан Живковиќ и Нита Старова, претставници на Канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт од Германија, во Македонија.

На средбата, од страна на претставниците на Фридрих Еберт се поздравени отворените инклузивни политики на премиерот Заев и на новата Влада во демократските промени во општеството.
Претседателот на Владата, Заев, изрази благодарност на Фондацијата Фридрих Еберт којашто придонесува активно во демократските процеси во Република Македонија.

На состанокот е договорено продлабочување на соработката на институционално ниво. Разгледана е можноста за потпишување меморандум за соработка помеѓу Фондацијата Фридрих Еберт и Владата на Република Македонија. Целта е придонес на Фондацијата преку искуствата што ги има во Македонија, како и на експертско ниво во зајакнување на капацитетите на институциите во земјава во областа на образованието, трудот и социјалните политики, надворешната политика, културата, како и други значајни сфери значајни за квалитетен живот на граѓаните во Република Македонија и во насока на исполнување на условите за евроинтеграциските процеси во државата.

„На Република Македонија и се потребни организации и фондации како што е Фридрих Еберт, коишто сакаат и можат да помогнат Република Македонија да се гради во европско демократско општество и Владата подава рака за соработка и благодари на поддршката и интересот“, рече премиерот Зоран Заев на средбата со претставниците на Фридрих Еберт, Живковиќ и Старова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма