Заев на средба со холандскиот премиер, Руте изрази поддршка за процесот „Отворен Балкан“

Од:

Премиерот Зоран Заев беше домаќин на премиерот на Холандија Марк Руте во првата официјална посета на Македонија.

„На средбата премиерот Заев го изрази своето и задоволството на Владата од интензивираниот политички дијалог на високо ниво во последните неколку години.

Холандија е важен партнер на Северна Македонија во НАТО. Постигнавме силни билатерални врски и развивме соработка во последните 28 години. Дополнително, Холандија стана наш најпосветен поддржувач на нашите напори за интеграција во ЕУ, исто така.

Премиерот Заев нагласи дека Владата на Северна Македонија силно ги цени охрабрувачките пораки на холандската поддршка за процесот на интеграција во ЕУ. Беа поздравени и постигнувањата во областа на зајакнувањето на демократијата и владеењето на правото со акцент на потребата од континуирано и посветено спроведување на стандардите и реформските цели на ЕУ.

На средбата претседателот на Владата Заев изрази благодарност за доследната холандска поддршка во градењето на Северна Македонија како европска демократија, слободно општество и слободна пазарна економија, нагласувајќи дека Холандија е најголемиот билатерален донатор, а Северна Македонија е под холандската конституенца во Светска банка“, велат од Владата.

Премиерот Заев го информирал премиерот Руте и за најновата иницијатива „Отворен Балкан“ меѓу Македонија, Албанија и Србија, која има за цел да го демонстрира заедничкиот капацитет на регионот и да донесе конкретни придобивки за нашите граѓани и бизниси што е комплементарно со пристапниот процес преку кој ќе овозможи подобро да се подготвиме за целосна интеграција во политиките на ЕУ.

„Премиерот Руте од своја страна ја изрази поддршката за процесот „Отворен Балкан“ и додаде дека иницијативата треба да остане отворена и за другите држави во регионот.

На средбата беше констатирано дека во декември има клучен прозорец во однос на политиката за интеграција на ЕУ кон Западен Балкан и беше истакнато дека процесот нема да биде кредибилен доколку не бидат прифатени утврдениот напредок во досието на Северна Македонија и Албанија во октомврискиот извештај на Европската Комисија, заедно со уште еднаш повторената препорака дека двете земји ги исполнуваат условите да ги отпочнат преговорите со ЕУ“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси

Руте: Америка ја снабдува Украина со оружје, сојузниците плаќаат

НАТО започнува операција „Источна стража“: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на Алијансата

А1он

Руте: Ние сме подготвен да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО