Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, попладнево се сретна со делегација од Р. Франција, предводена од Ерик Фурние, директор за Континентална Европа во МНР на Франција, придружувана од француската амбасадорка во Р. Македонија, Лоренс Оер.
Шансите за отворање преговори за решавање на политичката криза во Македонија, на 10 јуни во Брисел, беше главна тема на разговорот.
-Се надевам дека Европската унија го препознава автократскиот систем на владеење во Република Македонија, што се коси со елементарните вредности и дека ќе помогне на принципиелен начин за разврска на политичката криза, рече претседателот Заев.
Дипломатот од Франција ги пренесе очекувањата за почитување на демократските процеси и вредности за земјава да може да напредува на патот кон ЕУ.
На средбата стана збор и за заложништвото на правосудството во рацете на политиката што ја кочи Македонија во европската перспектива како и за лошата медиумска клима што не е во согласност со демократските стандарди.