Заев на средба со градоначалникот Ангов: Владата ќе и помогне на општина Дојран да продолжат проектите во интерес на граѓаните

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со од министрите Љупчо Николовски и Роберт Алаѓозовски, заменикот министер Јани Макрадули и советниците Драган Јованов и Цветанка Ласкова, денеска оствари работна средба со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

На средбата присуствуваа и претставнии од граѓанскиот сектор од општина Дојран.

На сребата градоначалникот информираше за тековните активности и реализацијата на проектите кои се од интерес на граѓаните на општина Дојран.

Посебно ја акцентираше потребата од пречистителна станица, а исто така апелираше за помош од Владата за подмирување на долгот што општината го има кон Европската Унија, проблем, наследен од минатата локална власт.

Премиерот Зоран Заев, информираше дека за овој проблем Владата има решение и работи на правно формалните механизми за да му помогне на Дојран да го зачува својот углед пред европските институции и да може да продолжи да работи на проектите коишто се важни.

„Министерството за локална самоуправа веќе има изнајдено начин како Владата да интервенира и да го реши овој проблем со долгот на општината кон Европската унија. Тоа е важно за да може Дојран и во иднина да добива проекти и да не го наруши својот рејтинг пред Европската унија. Нашата цел како Влада е рамномерно да ги развиваме нашите бисери“, рече премиерот Заев.

Со претставниците на граѓанскиот сектор се разменија мислења за мерките коишто се преземаат или треба да се преземат за поголема еколошка заштита на Дојранското езеро.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи