Заев на состанок на ПЕС: Одлуката за старт на преговори порака до регионот дека тешките одлуки се влог во подобра иднина

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Брисел учествуваше на состанок на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), на кој учествуваа и првиот човек на Европскиот парламент, Давид Марија Сасоли, премиери, еврокомесари и други политички лидери од ПЕС.

Како што соопшти СДСМ, на средбата биле поздравени и поддржани прогресивните политики на Северна Македонија, предводени од премиерот Заев.

– Претставниците на ПЕС ја повикаа Европската Унија да го направи одлучувачкиот чекор и да донесе одлука за старт на преговорите со Република Северна Македонија, бидејќи тоа е важно за граѓаните на земјата, за сите резултати кои се постигнати на домашен, но и меѓународен план со Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, но важно е и за кредибилитетот на ЕУ, се наведува во соопштението.

Заев на средбата упатил благодарност до ПЕС за силната поддршка за нашата држава и истакнал дека позитивната одлука за почеток на преговори значи поддршка и охрабрување на процесот на реформите дома, но и силна порака за другите во регионот дека тешките одлуки се вреднуваат и се влог во подобра иднина.

– Ако ЕУ го загуби кредибилитетот во регионот тогаш се отвора простор за влез на трети страни кои не се залагаат за демократски вредности, посочил Заев, додавајќи дека досега реформите во Северна Македонија се завршени 100 отсто, а поддршката за ЕУ во земјата е се уште е на високи 83 отсто од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Новинар отпуштен поради „непријатно“ прашање за Газа; „Русија нападна, Израел се бранеше“

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија