Заев на ФБ: На денешен ден пред 30 години беше изгласана првата демократска Влада на тогашна СР Македонија

Од:

На денешен ден пред 30 години, поточно на 20 март 1991 година, по спроведувањето на првите повеќепартиски парламентарни избори, Собранието ја изгласа првата демократска Влада на тогашна Социјалистичка Република Македонија по воведувањето на политичкиот плурализам. На чело на оваа прва експертска Влада беше избран Никола Кљусев, а за вицепремиери беа избрани Блаже Ристовски, Јован Андонов и Бекир Жута, и имаше 15 министерства и тројца министри без ресор, порачува премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

-Согласно Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија, донесена на 25 јануари 1991 година, основна цел на новата Влада беше конституирање на Република Македонија како независна држава. Во текот на мандатот на оваа влада е одржан референдумот за независност на Македонија, усвоен е Уставот на Република Македонија, како и монетарното осамостојување на државата, вели Заев на ФБ.

Првата влада, додава, како експертска, заедно со Собранието, ги направи првите чекори кон самостојна и плурална држава, која потоа со политичките влади ги остваруваше стандардите на парламентарната демократија, како и неопходните постигнувања за остварување на нашите стратешки определби за членство во НАТО и ЕУ.

-Денес, Северна Македонија и нашиот народ им оддава големо признание за државниот и политички ангажман на членовите на првата Влада, посочува премиерот Заев во неговиот пост на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски