Заев: На 27-ми заедно да ја испратиме оваа власт

Од:

Дождот не ги спречи кочанчани денеска да излезат и да му дадат поддршка на претседателот на СДСМ Зоран Заев. Пазарџии, случајни минувачи, млади и стари се сретнаа со Заев и прошетаа низ градот.

Ние сме со Вас, во Вас веруваме. Мора да се стави крај на овие наши маки со кои живееме секој ден – рече еден кочанчанец.

Од Вас ја црпам енергијата – им рече Заев на кочанци од каде вечерва ќе им се обрати на граѓанскиот собир. Кочанци со него ги поделија проблемите со кои се соочуваат. Пазарџиите се жалеа на слаб промет, купувачите пак на високите цени.
Децата сите ни заминаа во странство, останавме сами – се пожали една жена.

Пред нас е многу важен ден. 27-ми е ден кога народот ќе ја покаже својата сила и ќе му стави крај на криминалот на оваа влада на чело со Никола Гуевски – рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?