Заев му го честиташе изборот за канцелар на Република Австрија на Себастијан Курц

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, упати честитки на Себастијан Курц за изборот за Сојузен Канцелар на новата Влада на Република Австрија.

Во честитката упатена до новиот канцелар на Република Австрија, премиерот Заев искажува убеденост дека Република Австрија и понатаму ќе биде важен пријател на Република Македонија, а воедно, како што стои во честитката „заеднички ќе придонесеме за постабилен и попросперитетен регион во светло на европските интеграции“.

– На Република Македонија и се потребни пријатели кои ќе ги поддржат аспирациите на државата за интеграција во ЕУ, и оттука од огромно значење е вашата поддршка на Македонија во овој процес – вели Заев во честитката до својот австриски колега.

Премиерот Заев, во оваа прилика, во име на Владата на Република Македонија, и во свое лично име, наведува дека со именувањето на господинот Курц за нов канцелар се надева на натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски