Заев и Могерини од Стразбур заедно во Скопје

Од:

Премиерот Зоран Заев и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини од Стразбур заедно доаѓаат во Скопје.

Заев на Фејсбук профилот објави фотографија од него и Могерини во авион за Скопје и порача дека високата претставничка на Унијата уште еднаш доаѓа во земјава за да даде поддршка за нејзината европска иднина.

– После моето обраќање во Европскиот парламент во Стразбур, заедно со мадам Федерика Могерини доаѓаме во Македонија. Нашата пријателка Федерика уште еднаш ќе даде поддршка на сите граѓани за нашиот заеднички пат кон европското семејство, објави премиерот.

Тој претходно денеска во ЕП се обрати на македонски јазик и истакна дека ова е прво обраќање на македонски премиер на македонски јазик во европскиот пратенички дом.

– За нашиот македонски народ ова е историски момент. Ова е прв пат, еден премиер на нашата земја да одржи говор пред Европскиот парламент, на својот, мајчин јазик, рече Заев.

Премиерот Заев на европратениците и членовите на Европската Комисија присутни во салата ја објасни важноста за Македонија на склучувањето на Преспанскиот Договор, заблагодарувајќи му се и на неговиот грчки колега, Алексис Ципрас.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, ќе има средба со премиерот, а потоа предвидени се кратки изјави за медиумите пред ресторан „Наргиле“ во Старата скопска чаршија.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски