Заев – Младински совет: Владата ги поддржува младинските политики

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со претставници на Националниот младински совет со кои се договорени конкретни чекори на соработка.

Владината прес-служба соопшти дека на средбата се разгледани иницијативата за изнаоѓање на трајно одржливо буџетско решение за Националниот младински совет и конкретните предлог-решенија за инклузивност на младите, особено како коректив во креирањето на политиките на ниво на владини тела.

– Лично се сметам за политичар кој е поддржувач на младите и младинските политики уште од периодот кога бев градоначалник. Сега од позиција на премиер, ќе се обидам преку формирање на буџетот да ги охрабрам и локалните самоуправи да го следат примерот на Владата и тие да определат буџет за поддршка на локалните младински совети, истакнал премиерот Заев.

Тој ги охрабрил претставниците од Советот да изготват идеи и решенија што ќе ги претстават пред Владата, а кои ќе бидат во насока на покревање на свеста за јакнење на младинскиот активизам, инклузивност на младите во општествените процеси и креирање на највисоките младински политики во државата.

Разговарано е и за можноста за формирање заедничка мониторинг комисија што би се занимавала со Младинската гаранција и нејзината имплементација.

Претставниците од Националниот младински совет изразиле силна поддршка за Младинската гаранција, со која, како што посочиле, Македонија е единствената држава во регионот во имплементирање на младинската ЕУ политика, како земја која се уште не е членка на ЕУ. Тие истакнале дека можат да бидат ресурс во имплементирање на Младинската гаранција во насока на следење и подобрување на процесот на спроведување на оваа владина мерка, со што ќе се зацврсти пораката дека младите се во центарот на интересот на новата Влада.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?