Заев: Ми дојдоа со снимките и ми рекоа „Ако не преземете чекори ќе се фрлам од петти спрат“

Од:

Снимките се од луѓе кои работат во домашните тајни служби, а не од странски служби кои прислушувале со комбиња, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев за време на вечерашното интервју на телевизиската мрежа „Ал Џезеира Балкан“.

На прашањето од каде и се на опозицијата снимките од прислушуваните разговори, Заев одговори дека ги добиле од совесни граѓани кои не можеле да поднесат што се случува со Македонија.

– Не можеле да продолжат да работат гледајќи што се случува. Суштината на разговорите е како се уништува уставниот поредок на земјата. Еден од нив дојде и вели вака „Ако не преземете чекори јас ќе се фрлам од петти спрат“. Во нормална земја овие луѓе одат во Јавното обвинителство и таму ги предаваат материјлите. Но немаме ние таква институција и затоа дојдоа во опозицијата. Така се случија рабтите – рече Заев.

Тој подвлече дека не е возможна судска разрешница на скандалите кои ја тресат јавноста пред политичка разрешница и излез од политичката криза. Уште еднаш побара оставки од челните луѓе во најважните инстутиции.

– Мора прво оставки покрај Зврлевски да поднесе и раководителот на организиран криминал Јован Илиевски, кој му е баџанак на Сашо Мијалков. Мора оставки за да се ослободи судството. Па потоа, со мониторинг од страна Европската унија да се отворат постапки и за Пуч и за сите други кривични пријави – рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците