Заев: Медицинските сестри се на местото кога зборот и гестот добиваат посебна исцелителна поткрепа за пациентите и нивните семејства

Од:

Денеска на Меѓународниот ден на медицинските сестри, им ја упатуваме нашата огромна благодарност и поддршка на најголемата група на здравствени работници, кои секогаш во првите редови се грижат за здравствените потреби на поединците и заедниците, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.

Медицинските сестри, кои најмногу време минуваат со пациентите и со нивните семејства, како што пишува Заев, освен стручната помош, се на местото кога зборот и гестот добиваат посебна исцелителна поткрепа за пациентите и нивните семејства.

-Оваа година, во битката со КОВИД-19, тие го заслужуваат целото наше внимание, вниманието на институциите и на здравствениот систем, пишува Заев на ФБ, честитајќи го 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри.

Би можело да ве интересира

Конечно на дневен ред еден од многуте проблеми со кои се соочуваат медицинските сестри

Предраг Петровиќ

Бешлиовска: Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и се откажуваат од професијата

Признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во регионот

Срамна одлука на Врховниот суд: Медицинските сестри кои беа уапсени за малтретирање старица ослободени од притвор

А1он

Медицински сестри во САД заработиле 1,5 милиони долари од фалсификување сертификати за вакцинација

Медицинските сестри бараат да им се признае високо медицинско образование

Жарко Настоски