Заев-Марфи: Македонија се движи во правилната насока во остварувањето на стратешките цели НАТО и ЕУ

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев вечерва се сретна со член на Сенатот на САД, Крис Марфи, заедно со американска делегација, придружувани од амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.

На средбата е констатирано дека Република Македонија се движи во правилната насока, низ реформските процеси во земјата и чекорите на градење пријателства со соседите, на патот кон НАТО и кон ЕУ.

Сенаторот од САД, Марфи ги охрабри премиерот Заев и Владата да ги понесат позитивните промени за иднината на Република Македонија. Исто така, сенаторот Крис Марфи пренесе дека САД останува искрен пријател на Република Македонија.

Претседателот на Владата, Заев, во име на граѓаните на Македонија и на Владата, се заблагодари на сенаторот Марфи за големиот пријател што го има Република Македонија во Соединетите Американски Држави, како и за целата поддршка и помош што ја добиваат граѓаните и државава од САД, во важните демократски процеси.

-Застанавме цврсто за концептот едно општество за сите, во што ја градиме Република Македонија. Се посветивме силно на реформите во државата и на конкретни исчекори во добрососедските односи. Водиме инклузивни политики на дијалог и разбирање. И очекуваме дека тоа ќе биде вреднувано и вратите на НАТО и ЕУ да се отворат за Република Македонија, рече премиерот Заев.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни политички прашања во земјава и регионот. Заедничка е согласноста дека иднината на Република Македонија и на целиот регион е во НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски