Заев: Mакедонија нема план Б

Од:

Остануваме конструктивни како партија околу настојувањата да се постигне компромис за спорот за името и за тоа сметаме дека треба да се развие политичка дебата во земјата, но ние не им даваме поддршка на политиките на Никола Груевски. СДСМ е подготвен на компромис, но до тоа треба да се дојде со дебата за прашањето за името, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со Али Ахмети во Мала Речица.

„Македонија нема план Б, националистичките реторики само не раздалечуваат“, рече Заев.

Али Ахмети посочи дека на 100 годишнината од Балканските војни мора да дојде до помирување и интегрирање во евро-атланските структури.

ahmet zae (2)

„Maкедонија не смее да остане изолирана, значајни се меѓуетничките и добрите меѓусоседски односи за да биде Макеоднија дел од ЕУ и НАТО, а ова ќе значи и влез на странски инвестиции“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Една од темите на средбата биле и настаните од 24.декември. Заев го повтори ставот дека Комисијата не може без претседател да работи, но со помош на меѓународната заедница, се надева, дека ќе се најде решение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните