Заев – Лофвен: Неопходно е повлекување на Груевски и неговите најблиски соработници

Од:

Во рамки на Конгресот на ПЕС, којшто се одржува во Будимпешта, Унгарија, претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска остварија средба и со премиерот на Шведска, Стефан Лофвен.

На средбата се разговараше за актуелната состојба во Република Македонија и можностите за продолжување на разговорите за решавање на длабоката политичка криза во земјава преку преговори.

Претседателот Зоран Заев ги истакна принципиелните позиции на СДСМ како и предлозите Република Македонија да ги врати демократските вредности, во интерес на граѓаните и иднината на државата, за што постои целосно разбирање и силна поддршка од шведските социјалдемократи.

-Неопходно е повлекување на Никола Груевски и неговите најблиски соработници, кои ги создадоа проблемите во земјата, за преодна Влада да создаде неопходни услови за организирање фер и демократски изборен процес. Само на тој начин може да се обезбеди нормализација на институциите, независност на судството, медиумите и конечно враќање на демократските вредности и европската перспектива на Македонија, рече Заев.

Заев се заблагодари за силната поддршка од шведските социјалдемократи посочувајќи дека таа е во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска учествуваа и на лидерската средба, на којашто присуствувше и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, заедно со лидерите на повеќе сестрински партии од Европа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски