Заев – Линкевичиус: Активна поддршка на Литванија да станеме 30. членка на НАТО

Од:

Поддршка од Литванија за интеграциите на Македонија во ЕУ и во НАТО, добил претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на денешната средба со шефот на литванската дипломатија Линас Линкевичиус, кој е во официјална посета на државата.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата било констатирано дека ратификацијата на Договорот од Преспа, и со тоа затворањето на речиси тридецениското прашање, е одраз на големо лидерство покажано од двете страни, како и дека претставува позитивен пример на градење пријателство, не само меѓу двете земји, туку и во Европа.

Шефот на литванската дипломатија Линкевичиус, кој е првиот министер за надворешни работи од земја членка на ЕУ, кој ја посетува Македонија по успешно заокружениот процес за реализација на Договорот од Преспа, најавил активна поддршка во процедурите за Македонија да стане 30. земја членка на НАТО.

Исто така, изразена била и оценка за остварлив позитивен исход во јуни, кога Македонија очекува датум за почеток на преговорите со ЕУ. При тоа, нагласена била потребата за суштински напредок во имплементацијата на реформите, посебно во областа на правосудството и борбата против корупцијата.

-Фокусирани сме на втората фаза од реформскиот процес и на постигнување видливи резултати во имплементацијата на реформите во делот на правосудството, борбата против корупцијата, ефикасна и професионална администрација и стабилизирање на целиот државен систем. По ратификацијата на Договорот од Преспа и од страна на јужниот сосед, очекуваме да бидеме 30. земја членка на НАТО, а по резултатите што дополнително ќе ги покажеме и во реформите на домашен план, дека ќе добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ. Евро-атлантските интеграции за Македонија значат безбедност, стабилност и економски развој, но се голем придонес и во стабилноста на регионот, рекол премиерот Заев.

На средбата станало збор за можноста за примена на искуства од Литванија во делот на ИТ бизнисот, синхронизацијата на потребите на релација бизнис – индустрија – образование, во делот на сајбер технологијата и информациите.

Премиерот Заев и министерот за надворешни работи на Литванија, Линкевичиус заеднички констатирале пријателски односи меѓу Македонија и Литванија и отворени можности за развој на економската соработка, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски