Заев-Лајчак: Договорот од Преспа е фокусиран на иднината, не на минатото

Од:

Работиме напорно на реформите и на одржување пријателски односи со соседите, обезбедивме безбедност и стабилност во земјата, водејќи се од европските вредности како владеењето на правото, инклузивен процес за носење на законите, независно судство. Сметаме дека одлуката за почеток на пристапни преговори е важна не само заради нас, туку и заради пораката којашто ќе се испрати до целиот регион, но и пошироко, дека вистинското инвестирање во реформите и во добрососедските односи значат и сигурен влог во подобра иднина за граѓаните, нагласи премиерот Зоран Заев на денешната средба со Мирослав Лајчак, претседавач на ОБСЕ и вицепремиер и министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, кој со делегација престојува во дводневна официјална посета на нашата земја.

Наведе дека, Северна Македонија бара шанса, којашто, како што рече премиерот, искрено верува дека сме ја заслужиле, а тоа е започнување на преговорите за членство во ЕУ, потенцирајќи дека чувството е одлично кога граѓаните на Северна Македонија гледаат дека соседот Грција се бори државата да добие датум за преговори.

– На средбата, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Заев и Лајчак изразија заедничко задоволство од пријателските односи меѓу двете земји, со тенденција за понатамошно унапредување, а особено беше истакната поддршката која Северна Македонија ја има од Република Словачка за нејзините интеграциски процеси во НАТО и Европската Унија, соопштија од владината прес-служба.

Наведоа дека, Заев на Лајчак му се заблагодарил за поддршката во овој, како што рече, важен момент за државата, кога од клучно значење за земјата е донесувањето на одлуката за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

– Премиерот изрази задоволство и за Ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, во словачкиот Парламент и ја истакна личната посветеност на Лајчак, како претседавач, за имплементација и решавање на приоритетите на словачкото претседателство на Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), информираа од владината прес-служба.

Имено, на средбата позитивно била оцената соработката со институциите на ОБСЕ, во насока на постигнување на европските стандарди во заштита и промовирањето на националните малцинства, изборните стандарди, во прашања поврзани со јакнењето на слободата на медиумите.

– Словачката поддршка за отворањето на преговорите е јасна и продолжува. Северна Македонија го направи невозможното, го реши повеќедеценискиот спор со Грција и сега треба да биде овозможено добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ, истакна Лајчак, посочувајќи дека нашата земја е пример , преку кој се покажува дека процесот на проширувањето на ЕУ е жив и напредува.

Тој упати честитки до Владата за посветеноста и храброста при преземањето на сите чекори.

Заев и Лајчак заклучија дека Договорот од Преспа е фокусиран на иднината, а не на минатото и дека тоа е добар пример како треба да се решаваат проблемите меѓу соседите во регионот и пошироко.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски од Трубарево: Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Институтот за јавно здравје препорачува: Ако има загаден воздух, седете дома и затворете ги прозорците

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ